Мециновиќ: Арсовска и ДПМНЕ поддржуваат иницијативи на СДС во Град Скопје

  • Говор на советникот во Град Скопје од Левица Амар Мециновиќ:

,,Пренесувањето на ингеренциите за реконструкција на Универзалната сала се случува сега прв пат по иницијатива на градоначалничката наместо на советничката група на СДС. Овој феномен ни поставува прашања, првично поради тоа што градоначалничката на претходните седници не се изјасни за оваа иницијатива на СДС, зошто смета дека ние како Совет сме требале да ја прифатиме и да ја изгласаме.
Ние бевме против ова. Градот Скопје губи примат над сопствените институции, на крајот на овој мандат нема да има резултати со капитални проекти, додека СДС се закити со предизборен материјал, бидејќи потполно го имаат руинирано ресорот на култура.

Зошто политичката воља на СДС во овој Совет уште постои? Во една инстанца советниците на ДПМНЕ гласаа иницијативи на СДС, во друга инстанца градоначалничката ги доставува иницијативите на СДС. Ние разбираме каде е адутот на советничката група на СДС, бидејќи доаѓаат од политичка партија која е на власт. Но, за нивниот адут да биде користен, мора од другата страна да има некој кој сака да се договори со нив.

Што мисли градоначалничката до крајот на мандатот да претстави како капитален проект? Се наоѓаме во последната недела од летото, и повторно имаме нови дискотеки а немаме Луна парк. Дали ќе се гради оваа есен Луна парк или и тоа треба на централно ниво да го предадеме?

Ние децидно ја одбиваме оваа иницијатива. Некако, на некој начин, повторно политичката воља на СДС владее во овој совет иако тие изгубија на избори. Тоа го поставува прашањето за гласовите кои ги даваат граѓаните и каква политичка репрезентација имаме во овој Совет.’’