Левица: Владата со ДДВ ќе ја спасува кризата – наместо да ги оданочи најбогатите компании

„Историски највисокиот буџет изгласан до сега во Република Македонија, во време на економска, здравствена и енергетска криза, целосно потфрла во полето на социјалните политики.

Предлог буџетот кој што Владата го усвои за време на изборната кампања, а го објави ден после изборите, како не би им наштети

ла на сопствените кандидати, на реален начин ја отсликува целата досегашна работа на коалицијата на социјалдемократите предводена од нивните „зелени“ коалициони партнери – ДУИ.

Имено, предлог-буџетот за 2022 година предвидува зголемување на приходите остварени преку ДДВ за 14.8% проценти во однос на ребалансот на буџетот од 2021. Ова е делумно очекувано да се случи, доколу Владата манипулира за енергетската криза и истата навистина резултира со поскапена струја и доведе до зголемена инфлација во 2022 година, осиромашувајќи го народот и задолжувајќи го по лихвари и банки.

Од друга страна, нема да е прв пат проектираните приходи во предлог-буџетот да се намерно повисоки во одредени ставки, само за да се затскрие намерата на Владата уште повеќе да нè задолжи во текот на годината и да ги коригира приходите во конечната реализација на буџетот.

Од една Влада што декларативно содржи социјал-демократска компонента во својот состав, контроверзно е со проектирање на повисоки приходи од ДДВ да ги покрива дупките во буџетот, а истовремено да не проектира никакво зголемување или воведување на прогресивно даночење на добивката (профитот) на екстремно богатите компании. Банките континуирано фаќаат 2 до 3 места во топ 5 фирми по добивка во Републиката, но нашата Влада нема никаква политичка волја да ја коригира оваа општествена неправда. Дури и за време на ковид-криза, кога илјадници работници ги изгубија работните места поради лошите политики на власта, банките реализираа зголемување на добивката за 8,5% во однос на 2019 година.

Ваквата структура на јавните приходи потврдува дека повторно товарот на кризата ќе го понесат обичните граѓани и најсиромашните, без никаква социјална компонента за фер и правична распределба на богатството во најсиромашната држава во Европа.