Врие и во Конго: Повеќе од 40 лица загинаа, 56 се ранети

Повеќе од 40 луѓе се убиени, а 56 ранети во воено задушување на насилните демонстрации против мисијата на Обединетите нации во градот Гома во источниот дел на Конго, соопшти владата.

Мисијата се соочува со протести уште од 2022 година, делумно поттикнати од поплаките дека таа не успеала да ги заштити цивилите од децениското насилство на локалните милиции. На протестот против Мировната мисија на Обединетите нации, МОНУСКО во јули 2022 година, имаше повеќе од 15 мртви, вклучително и тројца членови на мисијата на ООН во Гома и градот Бутембо.

Сега војниците повторно насилно ги растераа демонстрантите против мировната мисија на ООН и други странски организации, откако на социјалните мрежи се појави видео од напад врз полицаец, објави Ројтерс.

Властите претходно соопштија дека еден полицаец бил каменуван до смрт, а шест демонстранти биле убиени кога армијата интервенирала. Надлежните во денешното соопштение наведоа дека бројот на загинати порасна на 43, додека уапсени се 158 лица, а војската спроведува истрага.

Непроверените снимки објавени на социјалните мрежи покажуваат како војници ги товарат мртвите тела во камион и ги возат низ Гома во конвој.

Директорката на локалниот огранок на Меѓународниот Црвен крст во Гома, Ан-Силва Линдер, изјави дека нејзината болница по протестите примила голем број луѓе со тешки убоди и прострелни рани.

Мировната мисија на Обединетите нации во источно Конго, позната како МОНУСКО, изрази сочувство и рече дека и понатаму е загрижена за заканата од насилство.

Инаку Конго е исто така поранешна Француска колонија и беше дел од Француска Екваторска Африка. Во 1958 година Конго објави автономија.  

Република Конго денеска е земјата член на ООН и ОАЕ (Организација за Африканско Единство).