Зелен Ахмет – Blerte Ameti
На Светскиот ден за заштита на животната средина, политичката партија ДУИ на чело со нивниот лидер Али Ахмети (на албански Ali Ameti) ја прославуваа својата 19 – 20 години од роденденот на партијата. Во печатените и електронски медиуми се појавуваа и пишуваа многу „спектакуларни“ претпоставки на политички изненадувања од „Албанец за градоначалник на Скопје“, „нов министер Албанец во МВР“ или ќе има некое „Pse jo“ и слично.
Но, на денот на роденденот на ДУИ, лидерот Али Ахмети-Ali Ameti, настапи со „Зелена агенда – Blerte agjende“, каде што како заложба истакна за: „…квалитет на животот, условите за живот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда…“. Ова, прв пат, покрај албанскиот, го истакна на македонски јазик. За некого чудно, за мене не. Зошто?!
Затоа што почесниот доктор Али Ахмети – Ali Ameti, прогласен на Универзитетот во Тетово, познат по докторски плагијати и „квалитетно образование“, како и оној во Скопје под име „Мајка Тереза“, а за струшкиот на Рамиз Мерко и да не зборуваме. Како што пренесуваат невладините организации од Тетово кои се грижат за животната средина велат: „можеби докторирал на Blerte agjende и затоа денес Шара е зелена, убава чиста, водите бликаат, тетовчани пијат ладна и бистра вода се пресреќни и ја пејат она убавата песна Зелено е зелено… заедно со најдобриот градоначалник Теута Арифи, заштитничка на животната средина и зеленило“. Ваква убавина и со „Зелена агенда – Blerte agjende“ ја имаме „покрај Охридското Езеро, жителите на охридскиот и струшкиот регион се пресреќни од зачувување на животната средина, чисти води, нема загадувања, задоволни се од градоначалниците Георгиевски и од вонредниот професор со ненострифицирана докторска диплома добиена од „ легендарниот Нови Пазар-Р .Србија“ Рамиз Мерко. За нивните ангажирања за „Зелена агенда- Blerte agjnde“ се „восхитува и УНЕСКО“. Колку е убаво ова.
Ја читам книгата и децата со внимание слушаат. Леле колку е убаво. Ме прашуваат „леле колку е убаво во книгата за нашата земја – МАКЕДОНИЈА”. Ама ова е во бајките. Не, велам ова ќе биде и кај нас. Кога Али Ахмети-Ali Ameti проговори на македонски „ќе биде“. Со право на „прославата му реагираше Ali Ameti на министерот за животна средина на „македонски јазик“, со зборовите „потребно и пожелно е да го знаеш македонскиот јазик, гледаш јас како проговорив, со тешко срце и ти треба да кажеш нешто”. Министерот за животна средина му одговори: „Да, ќе се потрудам за ова, исто како и претходните министри што ги постави zoti Ameti (господин Ахмети), ќе зборувам на зима кога ќе биде загадена животната средина, поразителни здравствени билтени….Pse jo!“.
Е, ова е мојата Македонија!