Резултатите на етноцентризмот во културата

Ниту министерот е националист што фаворизирал проекти на албански јазик, а ниту дејциве (културни де) се националисти кои негодуваат оти така направил. Национализмот секогаш се појавува како класен интерес, така е и со национализмот на меѓународно ниво – каде едни нации опресираат/експлоатираат други нации-држави – а така е и внатре во самите држави како политички заедници, каде во услови на ограничени ресурси (а желбите/потребите бесконечни) една класа ќе загрози друга. Во случајов една класа на дејци ја загрози позицијата на другата класа дејци каде колачот мораше да биде поделен поинаку.

Али добро јутро џезери, дали заслужувате подобро, според мене ни ова не го залужувате. Го преспавте Рамковниот Договор со неговиот темелен принцип на „позитивна дискриминација“, потоа се опивте на етничката поделба на локалната заедница, се сокривте кога образованието се подели по етничка линија со паралелни универзитети и училишта, сега не помина николку од тоа кога се правевте наудрени во процесот на донесување и ставање на сила на националистичкиот закон за двојазичност! Епа јадете го!

Иначе не се патетизирајте дека културата била многу важна за едно општество и колку тоа вие сте придонесувале за културната еманципација на граѓанството, па оттаму и требало да ве финансираме. Ништо не сте придонеле, а ниту сте се обиделе да го проблематизирате овој социо-еконосмки систем кој води кон распаѓање и деклинација на се вредно во една политичка заедница. И не само што не сте се обиделе, туку имате голема улога во неговата афирмација бидејќи јавате на него!

Културната дејност при материјална оскудност е обична фарса и кога ќе се загрози материјалната позиција на класата која егизстира од тоа, таа станува фундаментализам, впрочем и како религиите во сиромашните земји!

Фејсбук статус на Реџеп Исмаил, член на Президиумот на Левица.