Зелен Ахмет – Blerte Ameti

Ѓорѓи Илиевски
Виш просветен инспектор

На Светскиот ден за заштита на животната средина, политичката партија ДУИ на чело со нивниот лидер Али Ахмети (на албански Ali Ameti) ја прославуваа својата 19 – 20 години од роденденот на партијата. Во печатените и електронски медиуми се појавуваа и пишуваа многу „спектакуларни“ претпоставки на политички изненадувања од „Албанец за градоначалник на Скопје“, „нов министер Албанец во МВР“ или ќе има некое „Pse jo“ и слично. 

Но, на денот на роденденот на ДУИ, лидерот Али Ахмети-Ali Ameti, настапи со  „Зелена агенда – Blerte agjende“, каде што како заложба истакна за: „…квалитет на животот, условите за живот, квалитетно образование и здравство, неселективна правда…“. Ова, прв пат, покрај албанскиот, го истакна на македонски јазик. За некого чудно, за мене не. Зошто?! 

Затоа што почесниот доктор Али Ахмети – Ali Ameti, прогласен на Универзитетот во Тетово, познат по докторски плагијати и „квалитетно образование“, како и оној во Скопје под име „Мајка Тереза“, а за струшкиот на Рамиз Мерко и да не зборуваме. Како што пренесуваат невладините организации од Тетово кои се грижат за животната средина велат: „можеби докторирал на Blerte agjende и затоа денес Шара е зелена, убава чиста, водите бликаат, тетовчани пијат ладна и бистра вода се пресреќни и ја пејат она убавата песна Зелено е зелено… заедно со најдобриот градоначалник Теута Арифи, заштитничка на животната средина и зеленило“. Ваква убавина и со „Зелена агенда – Blerte agjende“ ја имаме „покрај Охридското Езеро, жителите на охридскиот и струшкиот регион се пресреќни од зачувување на животната средина, чисти води, нема загадувања, задоволни се од градоначалниците Георгиевски и од вонредниот професор со ненострифицирана докторска диплома добиена од „ легендарниот Нови Пазар-Р .Србија“ Рамиз Мерко. За нивните ангажирања за „Зелена агенда- Blerte agjnde“ се „восхитува и УНЕСКО“. Колку е убаво ова. 

Ја читам книгата и децата со внимание слушаат. Леле колку е убаво. Ме прашуваат „леле колку е убаво во книгата за нашата земја – МАКЕДОНИЈА”. Ама ова е во бајките. Не, велам ова ќе биде и кај нас. Кога Али Ахмети-Ali Ameti проговори на македонски „ќе биде“. Со право на „прославата му реагираше Ali Ameti на министерот за животна средина на „македонски јазик“, со зборовите „потребно и пожелно е да го знаеш македонскиот јазик, гледаш јас како проговорив, со тешко срце и ти треба да кажеш нешто”. Министерот за животна средина му одговори: „Да, ќе се потрудам за ова, исто како и претходните министри што ги постави zoti Ameti (господин Ахмети), ќе зборувам на зима кога ќе биде загадена животната средина, поразителни здравствени билтени….Pse jo!“

Е, ова е мојата Македонија!