Левица – Кавадарци: Како Вице Заев доби градежно земјиште во Кавадарци за 1520 денари по квадрат?

„Секој чиј бизнис толку зависи од динамиката во власта ќе се обидува вешто да игра на два фронта. Во две актуелни теми се гледа дволичноста и ефтината игра која ја води Митко Јанчев, сопственик на неколку од најголемите индустриски компании во Тиквешијата, актуелен градоначалник на Кавадарци и дежурен поддржувач на активностите на Заеви.
Дали Митко Јанчев е вистински татко на градот или уште една алатка на коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ?

Како Вице Заев доби 1784 m2 по цена од 1520 денари за m2 градежно земјиште во населба Нов Центар, Кавадарци од Митко Јанчев во 2018 година?
Како Митко Јанчев доби 1,4 хектари “лозја“ од Владата во населба Глишиќ, Кавадарци?

Многу се очигледни намерите на вештиот градоначалник на Кавадарци, кој се обидува да остави впечаток како да е двигателот на промените во градот, а всушност целата позадина на неговите дејствија се со единствена цел: тој да остане на власт и да им ги “мести“ тендерите на своите пријатели и своите фирми!

Зошто Митко Јанчев, кој живее на неколку минути од Ваташа, каде се случил грозоморниот масакр на 12 младинци од страна на бугарската фашистичка рака ја симна сликата од градоначалничкиот кабинет на која беше претставено Тиквешкото Востание?

Зошто Митко Јанчев, инаку “поддржан“ од ВМРО-ДПМНЕ, ја даде таа контроверзна изјава дека и тој би гласал ЗА промена на уставното име кога би бил пратеник?

Не се потребни длабоки политички познавања и проникливост за да се сфати дека Митко Јанчев е уценет бизнисмен и политичар. Близок со братот на премиерот, бизнисменот Вице Заев, тој е “совршена контролирана опозиција“ за Зоран Заев. Откако го фати „Правиот пат“ на СДСМ, Јанчев се обиде да го урне ВМРО-ДПМНЕ создавајќи вештачка внатрешна криза, која му оди во прилог само на Заев.

Доволен е овој парадокс за да граѓаните размислат кому го даваат својот глас!”