АктуелноЛокално

Нов услов: Целосно спроведување на Договорот со Бугарија за влез во ЕУ

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент ги усвои извештаите за напредокот на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, информира европратенико Илхан Ќучук.

Во изјава на Бугарското национално радио (БНР), Ќучук нагласи дека документите биле усвоени откако попладнево бил постигнат компромис околу Извештајот за земјава.

Според него, во Извештајот била усогласена компромисна формулација дека „добрососедските односи се важен дел од преговарачкиот процес, дека Договорот со Бугарија мора целосно да се спроведе и дека тој игра клучна улога во регионалната соработка“.

Европскиот парламент треба да се изјасни за извештаите за Македонија и за Албанија на пленарната седница закажана за 25 март. Ова е уште еден од низата услови за Македонија на патот кон ЕУ, меѓу кои беа и псроведувањето на Рамковниот договор и Преспанскиот Договор со промената на името.