Левица: Кој му дозволил на прилепскиот градоначалник привилегирани услови за нега во прилепската болница?
Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Прилеп
„Иако со добра клиничка слика сепак некој од менаџментот на болницата се ставил над законите и се дрзнал градоначалникот Илија Јованоски да го смести токму во неговата поранешна лична канцеларија во ортопедското одделение кое по протокол и не е прогласено за Црвена Зона или Ковид Центар. Цели медицински тимови доаѓаат чисто превентивно и вршат бројни испитувања на сметка на потешките случаи.
Каде е тука професионалната етика и Хипократовата Заклетва на лекарите?
Дел од вработените се бунат затоа што постои ризик од кросконтаминација во целото Ортопедско Одделение кај ранливи пациенти од висок ризик и во случај ситуацијата да излезе од контрола за ова некој ќе треба да сноси дебела одговорност.”
КОЈ МУ ДОЗВОЛИЛ НА ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ПРИВИЛЕГИРАНИ УСЛОВИ ЗА НЕГА ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА? Иако со добра…
Posted by Левица – Прилеп on Wednesday, March 3, 2021