(Видео) Протестен марш „Култура или фискултура„ Скопје – 03.03.2021

Иницијативата „Култура или фискултура?“ која се формираше по незадоволството од изборот на Васил Бубев за директор на НУ Културен центар „Антон Панов“ во Струмица, денес направи протестен марш низ улиците на Скопје.

Досега се обидоа да ги издејствуваат своите барања преку преземање на разни активности, а се сретнаа и со министерката Ирена Стефоска, но без резултат. По најавата за едногласен прекин на дијалогот со министерката, културните работници од Струмица и Македонија гласно го искажаа своето незадоволство кое кулминираше со протестен марш за ослободување од режимските културни политики и разрешување или оставка на директорот.

Маршот започна од паркот „Ибни Пајко„ позади Македонската Опера и Балет, а продолжи до владата на Р. Македонија, каде културните работници од Струмица ги искажаа своите барања. Протестниот марш продолжи до министерството за култура, каде свои обраќања имаа актерските доаени од струмичкиот театар. Маршот, кој беше подржан од стотици културни работници и граѓани, помина без никакви инциденти и непријатности.