НР Кина: Нашето пријателство со Русија е цврсто како карпа

На прес-конференција одржана на маргините на годишната Седница на кинескиот парламент, Министерот за надворешни работи на Кина, Ван Ју, изјави дека пријателството помеѓу Кина и Русија е „цврсто како карпа“ според него понатамошна соработка помеѓу овие две земји е гарантирана. Тој додаде дека „Соработката меѓу двете земји носи придобивки и просперитет за двата народа“.

Според објавата на кинеската царинска управа, во првите два месеци од 2022 година, меѓусебната трговска размена меѓу Русија и Кина се зголемила за 38,5% на годишно ниво. Трговскиот промет меѓу овие две земји во периодот јануари-февруари достигна неверојатни 26,43 милијарди долари. Рускиот извоз во Кина порасна за 35,8%, во тој период на 13,8 милијарди долари, додека Русија увезе стоки и услуги во вредност од 12,6 милијарди долари од Кина, што претставува годишен раст од 41,5%.

По минатогодишните позитивни резултати, кинескиот претседател Си Џинпинг предвидува дека трговскиот промет меѓу Русија и Кина наскоро би можел да достигне 250 милијарди долари. Експертите велат дека овој праг може да се достигне во 2026 година. Меѓу главните области кои ќе придонесат за раст на трговската размена меѓу двете земји, аналитичарите го наведуваат извозот на руска нафта и гас, обоени метали и земјоделски производи.

Минатиот месец Кина ги укина сите ограничувања за увоз на руска пченица, а сега може слободно да се купува пченица од кој било руски регион.