Девојката која успеа да побегне од Мариупол, сведочи за тоа како украинските војници пукаат во граѓани (ВИДЕО)

Девојка која успеала да побегне од местата на директните судири помеѓу вооружените сили во Мариупол, сведочи дека од украинска страна стрелаат во граѓаните кои се обидуваат да се евакуираат.

По формирањето на коридорите со цел извлекување на месното население и цивилите од подрачјата на конфликт во Украина, една од девојките сведочи дека колоната автобуси која била евакуирана преку еден од коридорите најпрвин тргнала успешно, меѓутоа, по 10 километри, било пукано во нив од страна на украинските војници.

„Нема начин да се излезе жив од градот на места каде што е украинската војска. Таму сите беа застрелани“, изјави таа за РТ и додаде дека „Украинската страна одржа прекин на огнот само околу два часа“.

Девојката сега е на контролен пункт на руската граница. Според неа, немало никакви пречки од војската на ДНР која им пружила помош на бегалците.

„Нѐ пуштија да одиме насекаде“, додаде таа.