(Видео) Левица има решение за патничките трошоци – истите да се изедначат со цената на автобускиот билет

Според информациите до кои дошол порталот СДК, за превозот од дома до собрание најмногу прокнижил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов од Василево, околу 4.900 евра, а веднаш по него следува Сурија Рашиди од Алијанса за албанците со наплатени 4.777 евра кој патува од струшко Радолишта. За истиот период Петар Ристевски и Јадранка Поцкова од ВМРО-ДПМНЕ добиле 4,092 односно 3,968 евра, пренесува Канал 5.

Во изјава за телевизијата, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, нуди решение за овој проблем, кој досега никој не се дрзна да го реши. Имено, тој вели дека, едно од решенијата е тоа да се изедначат патните трошоци со вредноста на повратен автобуски билет за одредена дестинација.


„Најелегантното решение според нас, бидејќи има неколку варијанти е постоечкото дваесет проценти на изминат километар да се измени и да се спушти на пет. Според нашите калкулации во тој случај цената ќе биде изедначена со онаа на повратен билет за патување со автобус. Пластичен пример, патувате од Куманово, најблиската дестинација, 40 км наваму, 40 км натаму. За 80 мк вие добивате 1000 денари, а реалниот трошок изнесува 300 денари, 700 денари ви ги дава собранието бакшиш, Левица“, вели Апасиев.