Левица: Незаконско работење и кршење на работничките права во Железник А.Д. Демир Хисар (Сачмара)

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Дрмир Хисар

„Во Општина Демир Хисар уште едно во низа незаконско работење и кршење на работничките права. Имено, Железник А.Д. Демир Хисар, или попозната како “Сачмара” – погон кој се занимава со преработка на железо, крши неколку членови од законот за работен однос, а со тоа и правата на работникот.
Околу 60 работници во железарата работат во екстремни услови каде има зголемена температура поради топењето на железото, дишат воздух кој е со зголемено ниво на железна прашина, а работниците работат со несоодветна работна опрема.

Работодавачот тука го крши членот 42 од законот за работен однос, кој вели дека на работниците треба да им се обезбедат услови за безбедност на животот и здравјето на работниците.

Исто така, платата на работниците им се исплаќа во два, или три наврати во месецот, се’ со цел работодавачот да избегне наплата на данок. Воедно, на работниците не им се доставува писмена пресметка за платата и немаат увид за работните часови, прекувремената работа, работа во викенди, или државен празник. Работодавачот тука го крши членот 110 од законот за работен однос, кој вели дека работодавачот е ДОЛЖЕН да му издаде на работникот писмена пресметка во која ги пишува сите податоци и пресметки за даноци и придонеси. Железник А.Д. Демир Хисар го крши и законите за животна средина поради тоа што отпадот од жележна прашина го фрла во непосредна близина на фабриката.

️Левица ЛО – Демир Хисар остро го осудува ваквото незаконско работење и бара итен инспекциски надзор од Државен инспекторат за труд, УЈП и Министерство за животна средина и просторно планирање.”


НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ И КРШЕЊЕ НА РАБОТНИЧКИТЕ ПРАВА ВО ЖЕЛЕЗНИК А.Д. ДЕМИР ХИСАР (САЧМАРА) Во Општина Демир Хисар…

Posted by Левица – Демир Хисар on Wednesday, March 3, 2021