Има место само за гнев, решителност и истрајност – а нема за очајување
Статус на Гораст Муратовски – член на Президиумот на Левица.
Фактот што во неколку наврати официјална Софија како и “нашата” власт плукаат по одлуките на Коминтерната и постапките на нејзините партии-членки околу Македонското Прашање скоро 100 години подоцна треба да ви каже колку напредни (прогресивни во вистинска смисла на зборот) биле и ќе бидат искрените комунисти во однос на сите политички прашања.
Комунистите уште на почетокот на 20-тиот век имале исправен став околу Македонија а денешниве капиталисти (и во Македонија и во Бугарија и во Грција) и во 2020 се расправаат и измислуваат топла вода. Но, не очајувајте, борбата е далеку од завршена. Всушност не ни може да се заврши со “решенијата” кои тие ги нудат. Можеби ако го направеле ова во 18-тиот век би успеало. Можеби. Но Македонската нација е веќе формирана, процесот (читајте “Националното прашање” од Сталин за општо и “Националното прашање во Македонија” од Кочо Рацин за конкретно) е завршен и нема враќање назад, само привремени падови (кои, за жал, се далеку од несуштински).
Во 1992, само година по распадот на СССР и општо т.н. Источен Блок, кинескиот социјалистички лидер не’ предупредува да не се занесуваме, вели: “Не паничете, не мислете дека Марксизмот исчезна, дека не е веќе релевантен, дека е поразен”. Денес, со се поголемата геополитичка присутност на Кина како и со засилувањето на работничките партии во голем дел на третиот свет се гледа точноста на неговиот промислен оптимизам.
Така и за Македонија.Има место само за гнев, решителност и истрајност а нема за очајување.АСНОМ живее!
Фактот што во неколку наврати официјална Софија како и “нашата” власт плукаат по одлуките на Коминтерната и постапките…
Posted by Гораст Муратовски on Sunday, 29 November 2020