Милиони фармери и работници протестираат низ Индија

Ширум Индија во тек се протести на кои милиони земјоделци маршираа до Њу Делхи и национален штрајк на кој учествуваа 250 милиони работници. Светските медиуми не известуваат за овие протести, иако се смета дека се едни од најголемите во историјата.

Причината за протестот се новите закони воведени од страна на Владата кои се во корист на големите компании вклучени во трговија со земјоделски производи. Досега, земјоделците производите ги продаваа на пазари регулирани од властите. Со новите закони Владата ја отвора вратата за монополизација на земјоделството, кое ќе им овозможи на крупните земјоделски производи да ја манипулираат цената на производите во нивна корист, а на штета на фармерите. 

На протестите се приклучија и други асоцијации на работници и синдикати. Индиската асоцијација на банкарски работници (АИБЕА) се противи на приватизирањето на државните банкии другите анти-работнички закони.

Протестите кои се одвиваат со недели, а вклучуваа и блокади на патиштата и железниците, беа забранети поради корона вирусот. Во моментов Индија е меѓу најтешко погодените земји, со околу 9,2 милиони заразени со Ковид 19.