Саше Јанчев: Гласајте за кандидат кој ќе го укине Преспанскиот договор

Ова е навистина историски ден за македонскиот народ. Денес македонскиот народ јасно може да види дека НАТО нема никаква врска со демократија. Правењето работи од една влада спротивни од оние што ги ветила на избори и правењето работи и покрај тоа што не добила дозвола од народот на референдум, се вика ДИКТАТУРА. “Нашата” влада токму тоа го направи со промената на Уставот и името на државата, а сето тоа беше направено со цел државата да влезе во НАТО. Честитки за диктаторско владеење и за последици од такво владеење може да испратат само луѓе, партии, земји, меѓународни организации итн. кои немаат “д” од демократија.

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ,

Од НАТО и од странските амбасади се однесуваат како да те нема. Тоа им го овозможуваат домашните нивни соработници кои седат во власта и кои народот го множат со нула. Кои влечат потези без дозвола од народот, а по диктат на странците. Но силата не е во нив. Силата е во вас, во народот. И време е тоа да им се покаже. Затоа на наредниве избори гласајте само за кандидат кој ќе вети дека нема да го почитува Преспанскиот договор и кој ќе работи на меѓународен план на сите вистински пријателски страни да им стане јасно дека истиот е спротивен и на домашното и на меѓународното право, а со тоа и дека е ништовен по тие два основа. А на наредните парламентарни избори не гласајте за партии и луѓе кои нема да ветат дека ќе ги поништат уставните измени. Редно време е да научат дека народот е тој кој диктира, а не непрокопцани домашни лижачи на странска чизма кои забораваат дека ова не е прва окупација на нашиот народ и кои затоа не знаат дека пак ќе победиме!

СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ!
СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД!
ЌЕ ПОБЕДИМЕ!

Фејсбук статус на Саше Јанчев, член на Централниот Комитет на Левица.