АктуелноБиблиотека

Еволуција на сегашноста

‘’Големите промени на цивилизацијата се последица на промената на мислењето на народот. 
При повнимателно проучување на големите пресврти низ историјата кои привидно се детерминирани од значајни политички промени, како реална причина најчесто се крие длабока промена на мислењето на народот.‘’


Ивана Стоименовска
(социјален психолог)

Во кратки црти вака почнува една значајна книга ‘’Психологија на толпата’’ од Гистав Ле Бон, француски социо.психолог, каде идеите изразени во оваа книга одиграле значајна улога во раните години во развојот на групната/социјална психологија. 

 Во моментов сме сведоци на историски процеси каде геополитичките промени се случуваат понепредвидливо и подрастично од вообичаено. Либерализмот, односно неговата економска верзија, нео-либерализмот како да го губи глобалниот примат – тој пред се бива предизвикан (на сите полиња, не само економски) од алтернативни идеи и вредности за организација на политичката заедница, а кои доаѓаат од држави како Кина и Русија – држави кои релативно успешно почнуваат да доминираат со одредени глобални простори на политиката. 

Предизвикувањето на хегемонијата на либерализмот сепак не доаѓа само надвор од неговиот епицентар, напротив, сомнежот кон него се раѓа и во заедници кои важат за негови апологети. На пример, во САД веќе подолг период се промовираат – па дури сега веќе и од мејнстрим политички фигури – идеите на социјализмот. Кај младата популација нема веќе таква стигма на овие идеи, повеќе не го доживуваат зборот социјализам како нешто страшно, што, на некој начин е своевиден шок за долгогодишните политики кои ги води САД, бидеќи директно влијае во влевање на вредносен сомнеж на политиките кои до сега ги спроведуваше и промовираше низ светот токму САД.

На јавните дебати веќе се зборува како младите луѓе се повеќе се насочуваат кон лево во однос на политиката, дека веќе им е доста од долгогодишните ветувања на едните и другите (Трамп и Обама) за да на самиот крај никаков бенефит за популацијата од тоа. Како да веќе им е смачено, и не сакаат да ги почитуваат досегашните политички решенија за најразличните проблеми кои не даваат резултати – а кои се оправдуваат со „треба да се има трпение, да се прават работите постепено и внимателно”, што ќе рече смачено им е од конзервативниот пристап кон современите проблеми. Едноставно младите сакаат промена, и сакаат да го постигнат тоа сосема спротивно од она што досега се нудеше, а не им донесе резултати. 

Сосема без претерување може да се каже дека широките маси повикуваат кон промени што ќе донесат поголема социо-економска еднаквост, како најважен политички приоритет на идните промени. Се бара бесплатното здравство и школство, и како едни од најбитните постулати кои влијаат на благосостојбата на поединецот, а понатаму и на колективот. 

Она што е важно да се поттцрта од состојбата опишана погоре е токму она што се крие како крајна цел во позадината на изнесените решенија и идеи како и ставови по односните акции на државата, а тоа се подлабоките стремежи на желбата за промена која колективниот ум го насочува кон вистинските потреби на народот кои се потребни за одржување на неговата благосостојба. Всушност, на народот не му е важна која политичка формација ќе му помогне за остварување на неговите потреби, на народот му е важно тоа што побргу да се направи, без притоа веќе да биде манипулиран зад маската на зборовите трпение и флексибилност, што ги промовира позитивната психологија и капитализмот. Новите генерации зад ваквите флоскули забележуваат долгогодишна манипулација која само им го нарушува квалитетот на живеењето, и токму тука почнува да крчка промената на глобалната свест која директно би требало да влијае врз промената на општата политичка состојба. 

Гистав Ле Бон, токму во погоре споменатото дело, вели дека несвесното делување на масата кое го заменува свесното делување на поединецот, е една од главните карактеристики на денешницата. Во овој контекст, на глобалната слика не сме ништо поразлични и на домашен терен во рамките на нашата држава. Имено. веќе долги години се соочуваме со традиционално ниско, економско и психолошко здравје на нашето општество како колектив. Тоа се карактеризира со висок степен на неврозност, психозност, како и дополнителна алармантност на традиционално ниските животни перспективи и ниската оценка на човечката благосостојба на скалата на човечките вредности. Во вакво општество изклучнителна моќна појава е спонтаното реагирање како мотив и механизам за растоварување на насобраниот психолошки притисок, на чувството на раздразливост, на фрустрацијата и немоќноста. 

Народот, особено младите, исто како и младите во глобални рамки,  веќе делуваат на едно не толку свесно ниво; тие водени се од идејата на свеста на поединецот, и се дојдени до ниво (а поттикнати од висок психолошки притисок) да поддржат и едно лице – авангарда, доколу таквиот субјект ги уважи нивните чувства. 

Во Македонија две политички партии со години си играат со чувствата на народот, така што народот веќе можеби се’ уште не така торжествено, но полека почнува да реагира на психолошкиот притисок. Според рамките на социјалната, односно колективна психологија, светот вклучително и Македонија веќе се во фаза на менување на глобалниот политички курс, позади кој се крие моќта на промената на мислењето на народот како колектив. Нешто што ја окупира душата на народот, која ќе им даде со сигурност друг развој на настаните во иднина.

Во оваа околност политичката партија Левица се појави како политичка авангарда која директно ги засега најболните проблеми на општеството и се обидува да понуди решенија надвор од досегашната рамка во која проблемите се врамени. Директно залагајќи се за бесплатно и непрофитно/јавно здравство и образование, за намалување на нееднакквоста; Што сето ова дава надеж и делува охрабрувачки на колективот. Конечно, некој не само што се обидува да им наметне, туку и ги уважуваат чувствата на колективот. Така што, иднината на Левица се гледа како прилично светла, а во однос на фунцкионалната психологија на масите, и клучна, како партија која е различна и надвор од мејнстрим рамката (а притоа веќе е на пат да стане мејнстрим и самата таа) на останатите политички партии од домашната политичка сцена.