Кој ќе ги заштити работниците во Дрекселмаер?

Деновиве се погласни се апелите на социјалните мрежи дека 5000 работници незаштитени одат на работа во странската компанија за автомобили „Дрекселмаер”. Во коментарите дел од работниците обвинуваат дека работниците сами набавуваат маски и дека работат во страв да проговорат за фактичката ситуација во оваа фабрика. Една од работничките пишува дека неколку работници веќе се повлечени поради сомнеж дека се заразени со корона-вирусот. Во продолжение пренесуваме статус на Елена Данова.


„Дрекселмаер – Кавадарци им даде маски на работниците, но се’ уште ги држи да работат на лента оддалечени помалку од метар.

Лицата со хронични и други ризични болести не ги ослободи од работа.?!

Секој ден, во три смени, околу 5000 работници од 6 различни градови (Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Прилеп, Свети Николе, Велес) и нивните околни села, во полни автобуси патуваат до фабриката. Овие луѓе си одат дома, кај фамилиите. Нивните деца не седат дома, нели, млади се, си шетаат. 

За време на смена, над 1500 работници имаат една пауза од 20 минути за јадење и 2 х 5 минути. За ова кусо време, над 1500 луѓе треба отидат до тоалетите и да мијат раце по минимум 30 секунди. 
Меѓу смените нема воопшто време за вршење целосна дезинфекција.

Дрекселмаер е компанија којашто со години профитира од трудот на овие работници и не ми е јасно зошто не прекине со работа на еден месец!? Фабриката прави автомобили, не храна. За време на светска пандемија, и онака никој нема да купува автомобили!

Нека се покаже Дрекселмаер како општествено одговорна компанија сега! Покрај другото, прекинувањето со работа во оваа состојба ќе биде реклама за навек!”

❗❗❗Дрекселмаер – Кавадарци им даде маски на работниците, но се' уште ги држи да работат на лента оддалечени помалку од…

Публикувахте от Elena Danova в Сряда, 18 март 2020 г.