Протоколот со бугарија е класична капитулација на македонската Влада

  • Фејсбук статус на Игор Смилев, член на Централниот Комитет на Левица и Советник во Општина Велес

Протоколот со Бугарија е класична капитулација на Македонија кој не претвора од банана држава во измеќарска колонија единствена од ваков вид во светот. ПРОТОКОЛОТ е ужасен и речиси едностран кој не става во неверојатна потчинета ситуација.

Протоколот е губитнички за Македонија, ултимативен, и заедно со историските прашања е дел од преговарачката рамка.

Или пластично кажано, доколку не го промениме Уставот како што бара Бугарија, следува ВЕТО од источниот сосед. Во војна бе, државата која изгубила добива подостоинствен третман од победникот.

Левица најавува жестока борба на сите полиња за да ги измаршираме предавниците во прегратката на заборавот и во темнината и влагата на занданите. Мир ќе немаат квислинзите.

Кратки и најважни поенти од ПРОТОКОЛОТ кој болно оддекнуваат во секој од нас:

-Контрола на сите историски споменици во Македонија и евентуално нивно рушење доколку не се одобрени од Бугарија или од нивните администратори (СДСБ);
-Цензура против секаков вид т.н. и едностран „говор на омраза„ и „недобронамерна пропаганда„(што и да значи тоа) во јавен простор , јавни згради и споменици. Ваквата цензура е полоша и поригидна и од најмрачните времиња на комунизмот, а ќе ја спроведува и оценува Министерот за надворешни работи;
-Забрана на картата на етничка Македонија изработена од Димитрија Чуповски во 1913 година;
-Заедничка иднина, заедничко славење на празници и историски личности;
-Влез на Бугарите во Уставот на Република Македонија (ултимативно барање ). Нема Бугари во Устав, нема ЕУ;
-Кривично гонење и затвор на секој што ќе пишува, зборува или пее „против„ Бугарите, или тоа во протоколот се нарекува говор на омраза.

Ваква идентична и реципроцитетна мерка во Бугарија во овој Протокол нема. Значи, секој во Бугарија ќе може да не резили и да не „мрази„ колку му душа сака.

-Ревизија на целата историја од 1945 до 1990 која мора да биде одобрена од Источниот сосед и извинување за сите „ѕверства„ извршени од комунистите;
-Ревизија на сите учебници чија содржина мора да биде одобрена од Бугарија или од нивните администратори;
-Предвиден е фонд за снимање на пропагандни филмови, документарци, за пропагандни книги кои ќе мора да ги плаќаме и кои ќе МОРААТ да бидат претходно одобрени;
-Бугарија ништо од горе наведенто не е предвидено да направи со ПРОТОКОЛОТ со што јасно ја доведува Македонија во потчинета состојба и до опасно и неповратно губење на суверенитетот и интегритетот.

И после се, неразбирлив е чинот на потпис од Бујар Османи за најголемото предавство на 21 век.

П.С. Генчовска која јавно изјави дека не го признава Македонскиот јазик не може да биде добар сосед.