Што се крие позади протестите во Исламската Република Иран
Причините за немирите во Иран се тесно поврзани со кампањата на Трамп за нанесување на „максимален притисок“ врз Исламската Република Иран. Иако медиумите се обидуваат протестите да ги претстават како напад врз целиот политички систем на Иран, причината лежи во економијата.
Економијата на Иран, наводно, е во најлоша положба од 1984 година. Се очекува дека единствено Либија и Венецуела ќе имаат полоши резултати до крајот на годината. Заедничко за сите три земји е тоа што се жртви на американска економска и политичка агресија.
Во април 2018, Иран извезуваше 2.5 милиони барели нафта секој ден. Во последниве неколку месеци таа бројка е значитечно намалена на околу 160.000 барели дневно, што економијата ја доведе близу до колапс. Инфлацијата е надвор од контрола, а цената на храната, пијалоците е цигарите е зголемена за 60%. Невработеноста исто така расте, особено погодувајќи ги младите Иранчани (40% од иранската популација е под 25 години). Влошувањето на економската состојба во Иран е резултат на имплементирањето на американските санкции.
Минатата година, Меѓународниот суд за правда, ги предупреди САД дека нивните рестрикции врз увозот и набавката на добра потребни за хуманитарни потреби, вклучително и лекови, имаа „сериозно штетно влијание врз здравјето и животот на поединци на територијата на Иран“.
Невработеност и инфлација- најголеми проблеми во Иран
Меѓутоа, во медиуми како Вашингонт пост, фокусот упорно се насочува кон политичката страна, па така економските причини за незадоволство се претставуваат како отфрлање на самиот политички систем. Меѓутоа анкетите спроведени од страна на Универзитетот во Мариленд и канадското ИранПолс (CISSM/IranPoll) кажуваат поинаква приказна за протестите.
Според анкетите, спроведени во 2018 кога и кампањата за максимален притисок беше во полн ек, најголемите проблеми посочени од страна на испитаниците биле невработеност (40%), инфлација и скапите цени (13%), ниските примања (7%) финансиска корупција и проневерување (6%), неправда (1,4%), недостаток на граѓански слободи (0,3%). Овие бројки кажуваат дека протестите во 2018 беа резултат на домашни економски услови, а не поради несогласување со владината надворешна политика или „репресиите на граѓанските слободи“ што се прикажуваа од страна на западните медиуми и политичари.
Во 2018, само 16% од Иранчаните се согласиле со изјавата дека „на иранскиот политички систем му потребна суштинска промена“, 77% не се согласиле со оваа изјава.
Анкетата од Октомври 2019 година покажала дека негативните ставови кон САД биле на највисоко ниво од последните 13 години како што се спроведува оваа анкета. 86% од Иранците не ги сакаат САД, а оние што велат дека нивниот став за САД е многу неповолен, се зголемија од 52% во 2015 година на 73% денес.
На политичкиот фронт, Иранчаните се во линија со нивната влада во однос на надворешно политички и воени иницијативи. Ја поддржуваат вклученоста на Иран во Ирак и Сирија, поради безбедносни и антитерористички причини и бидејќи веруваат во активна регионална улога на Иран.
Нови нафтени полиња во Иран
Се’ додека нафтата игра важна улога во глобалната економија, Иран ќе претставува проблем за САД. Неодамна Иран објави дека откриле нови нафтени полиња со 54 милијарди барели нафта. Според извори во Иранското Министерството за Нафта, важен чинител во изградбата на новото нафтено поле ќе биде Кинеската Народна Корпорација за Нафта. Се очекува ова да наиде на негативен прием кај САД, особено со оглед на заоштрувањето на кинеско-американските односи во изминатиот период.