Национална Школа

Прво да разјасниме што тоа значи. Тоа значи, сета уметност создавана на територијата на нацијата/државата.

Без национална/државна школа, нема ни нација/држава.

Нашата национална школа се создаде со создавањето на македонската нација/држава. После втората светска војна се створи нацијата/државата, а првите носители на националната школа за инспирација ја добија историјата на ова тло од праисторијата па се до ослободувањето.

Некои работеа на теми од древноста, некои на теми од современието. Школата заживеа!

Денес се случува ликови на кои нацијата се’ им има пружено во животот(образование, работа, добар стандард), да ја плукаат и нацијата и школата од која се излезени. Всушност, да бидат знаменосци во деградацијата на себе и на државата, само затоа што добро плаќа олигархијата што владее, која пак олигархија својата најголема опасност ја гледа во една здрава национална/државна школа.

Киднапираната држава (во моментов територија окупирана од криминалци) можеме да ја спасиме само со промена на системот.

Ренесанса е повеќе од потребна денес во македонската национална школа. Враќање на асномските вредности по кои таа се создаде. И секако, политичка едукација. Овој колапс денес не го живееме заради добра едуцираност, токму напротив.

Идеите од АСНОМ се сеуште попрогресивни од сите идеи што излегоа потоа.