Производството на пченица секоја наредна година е помало од претходната

Во последните години се почесто можеме да забележиме дека на македонскиот пазар се увезуваат поголем број на продукти од странство. Иако важиме за земја која има добра почва за производство на земјоделски култури, македонските Влади во изминатиот период немаат произлезено со детален план за тоа како земјоделците би просперирале во нашата држава. 

Таков пример е и македонското производство на пченица. Производството на пченица од година во година опаѓа, а тоа е поради фактот дека Владата нема произлезено со пакет мерки за гарантиран откуп и исплата. Немаме ниту планска сеидба или договорено производство, за разлика од земјите од соседството кои во овој дел се далеку пред нас. 

Намалувањето на производството на пченица не доведува до ситуација да мораме на годишно ниво да увезуваме пченица од соседните земји. Според професор Дане Бошев, на Република Македонија на годишно ниво и е потребно околу 330.000 тони пченица, а според податоците од Државниот завод за статистика за годишното производство таа бројка е премногу далеку.

Уште една причина која треба да не загрижи е и фактот дека засеаните површини со пченица во Република Македонија се намалуваат. Во 2009 година, засеаната површина во хектари изнесувала 88.151, додека за 10 години подоцна имаме само 68.847 хектари засеана пченица. Иако во периодот од 2019 до 2021 година, бројот на обработливи површини за пченица е покачен за 7%, земјоделците не се одлучуваат својата земја да ја посеат со пченица поради енормното зголемување на цените на горивата и ѓубривата кои се користат. На следната табела може да се забележи количеството на произведена пченица (во тони) за 2004, 2016, 2017 и 2020 година.

Едно е јасно, се додека Владата не искочи со пакет мерки за подобрување на состојбата на земјоделците и се додека не се подаде рака на земјоделецот, Република Македонија ќе мора да остане увозник на пченица од соседните земји. Искористувањето на обработливата површина мора да биде во фокусот на Владата, бидејќи една држава може најдолго да опстане доколку таа ги задоволува своите потреби самостојно.