Името нека ви ги плаќа сметките на први

  • Фејсбук статус на Јован Крајевски – Координатор на Сектор Политичка економија на Политичката Партија Левица

Изгледа навистина името ни ги плаќаше сметките секој први. Не на некој си романтичен начин (во смисол дека е големо, па ќе сакаат да ни го земат), туку на многу реален, опиплив начин, одржувајќи го колку-толку правото на нацијата сама да одлучува за својата судбина.

После превземањето на еден таков чекор – промена на име против вољата на народот, со амин од ЕУ и НАТО, власта продолжи да тера поданички и во сите други сфери. Штом помина промената на името, прашање за кое ставот е ретко унифициран и против, зошто не би прошло да се стави и цела надворешна политика во служба на Западот?

Се одржуваат олимписки игри во Пекинг? Нема потреба ние да одлучиме дали дипломатски да ги бојкотираме – ќе ги прашаме Брисел да одлучат за нас.

Се санкционира некој земја во Јужна Америка за која не сме ни чуле? Чим ЕУ санкционира, ќе санкционираме и ние.

Израел убива деца во Палестина? Па зошто да не се најдеме во земјите пријатели на Израел во твит на Метанјаху – тоа сигурно ќе не донесе поблиску до ЕУ, без разлика кој е нашиот став по прашањето.

Започнува воен конфликт помеѓу Русија и Украина? Нема потреба да останеме неутрални – ќе ја фатиме страната на НАТО и на фашистите во украинската армија, а ќе протераме колку што можеме повеќе руски дипломати.

Затоа сега, кога името го нема и кога само-определбата на нацијата е непостоечка, кога застанавме рамо до рамо со нашите пријатели од ЕУ и НАТО и се испокаравме со повеќе од половина свет, премиеров кој во својот живот вкупно има добиено 0 гласови нека ни ги плати сметките со тие фамозни евро-атлантски интеграции. Дур нас ни течат лиги кога ја гледаме неутралната Србија како си увезува гас од Русија по старите ефтини цени.