Крмов: Каде ќе бега СДС кога ќе падне од власт!?

  • Пратеничко прашање на пратеникот Борислав Крмов за Премиерот Димитар Ковачевски

Пред да почне кампањата за парламентарните избори од 2020 година, анкетите покажуваа веројатност дека СДС нема да успее да излезе како победник од циклусот – сега знаеме дека преку поткуп и фалсификат во тоа успеаа. Тогаш постоеа гласини дека Зоран Заев постепено го префрла својот капитал во соседна Бугарија, бидејќи при паѓање од власт имал за цел да избега таму. Со оглед на тоа што ситуацијата е сега многу полоша, и тоа што на СДС му се заканува разобличување кога ќе падне на власт, моето прашање е:

 Каде раководството на партијата на чело со вас, планира да избега кога ќе паднете од власт?