Црвена Младина со поддршка за протестот на студентите

  • Соопштение на Црвена Младина

Владата започна со мерките за рационализација кои директно удираат врз грбот на студентите, со што го влоши и така катастрофалниот студентски стандард во Македонија. Имено, најпрво започнаа со рестрикции во студентските домови, каде што сведоци сме како им е забрането греење, користење на лифтовите, решоа на студентите. Оние кои ќе се побунат се соочуваат со закани и бркање од домовите.

Потоа на 10.11.2022 (Четврток) група пратеници од коалицијата СДС и ДУИ поднесоа предлог измени на законот со кој се ревидираат критериумите за право на студентски оброк кој се срамни и недозволиви, па откако студентите бурно реагираа, измените беа повлечени.

Зголемувањето на стипендиите кое започна се’ уште не е израмнето и голем дел од студентите се’ уште земаат стипендии со сума по стариот договор, наместо стипендии со новата зголемена сума која беше помпезно најавена.

Руинираните домови, најавено кратење на оброк, ревидирање на стипендии, и најавено укинување на автономијата на УКИМ се само дел од работите кои ги натераа студентите бурно да реагираат.

Црвена Младина, силно се спротиставува на ваквите мизерни рефроми и застанува на страната на студентите и ќе продолжи во иднина да ги застапува студентските интереси, па затоа го поддржуваме најавениот протест на студентите во Понеделник во 16:00 пред Собранието на Република Македонија.