Израел повторно ја бомбардираше Сирија

Додека земјата се соочува со граѓанска војна, која е во залезот и започнува реизградба, Израел повторно сее уништување и смрт.

Вчера вечерта, воените сили на Израел извршија воздушен напад на суверена територија на Сирија, при што според сириската новинарска агенција Саана, барем тројца се повредени, а бројот на жртви е непознат. При нападот се уништени барем три објекти во градот Масјаф.

Мета на нападите биле иранските воени сили сместени во Масјаф, кој има историско значење за шиитските муслимани како поранешна тврдина на познатата исмаили братство Хашашини (Асасини).

Сирија тврди дека поголема штета е спречена бидејќи нападот е пресретнат од против-воздушните системи, од кои голем дел се руските S400.