НАТО му сврте грб на Макрон
Белата куќа потврди дека САД нема да испраќаат свои војници да се вклучат во конфликтот во Украина. Претседателот Џо Бајден недвосмислено ставил до знаење дека американските трупи нема да бидат вклучени во борбите на украинска територија, информираа
Соопштението доаѓа по вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, каде што тој не ја исклучи можноста за испраќање војници за помош на Киев. Макрон ги повика западните лидери да ги преземат сите можни мерки за да ја спречат Русија да преовлада во тековната војна.
Макрон ја отвори темата за испраќање војници за време на состанокот на 25 европски лидери во Париз. Сепак, неколку сојузници на НАТО, вклучувајќи ги Германија, Полска и Чешка, ја отфрлија идејата за испраќање војници. Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, исто така, изрази противење на таквата можност.