ВМРО-ДПМНЕ го поднесе Изборниот законик со Северна

Од Движењето за социјална правда „Ленка” објавија дека ВМРО-ДПМНЕ го поднесе предлог-Изборниот законик со Северна, иако партијата одбиваше да го користи наметнатото име во Резолуцијата. Претходно, пратеникот Бране Петрушевски ја обвини Левица дека е испостава на Заев затоа што го користела „Северна” за блокирање на Собранието.

Дополнително, пратеникот од Левица, Борислав Крмов објави дека Изборниот законик со потпис на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ го доставиле само половина час пред да го гласаат.

Мицевски од ДПМНЕ потпиша Северна за Изборен законик. Врв на лицемерие е да не ја поднесуваш Резолуцијата за црвени линии со Северна и намерно оставаш да ти ја одбијат, додека колачот од Изборниот законик да го протниш со Северна. Да живее коалицијата СДС-ДУИ-ДПМНЕ. – напишаа Ленка на својот профил.