Левица со 772 амандмани го блокира шверцератот на Изборниот законик на широката коалиција СДС+ДУИ+ДПМНЕ

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека Комисијата за политички систем е одложена на неодредено време, после блокадата на Изборниот Законик со 772 амандмани од Левица. Апасиев претходно реагираше дека Изборниот законик се шверцува договорено од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.


„Значи, вака иде ШВЕРЦЕРАТОТ на Изборниот законик на Широката коалиција СДС+ДУИ+ДПМНЕ:
– во 14:45 ч. стигнува Предлог-законот за изменување и дополнување на мејл на пратениците (материјал од скоро 80 страници текст);
– во 15:30 ч. почнува пленарна седница на Собранието на РМ на која се гласа потребата од скратена постапка на законот;
– во 16:15 ч. е закажана седница на Комисијата за политички систем.

p.s. Иако Деловникот ни дава право од минимум 5 (пет) дена за подготовка на амандмани, бевме ставени пред свршен чин – и времето за подготовка на амандмани изнесување неверојатни 45 минутки! Чисто да си знаете со какви ликови секојдневно си имаме работа. И Грујо може да им позавиди на финтиве, – напиша Апасиев на својот профил.