Ванковска собра повеќе од 1000 потписи само во Битола

Билјана Ванковска беше во посета на Битола, каде беше пречекана од поддржувачите на нејзината кандидатура за претседател на Македонија.

Дека во овој град професорката има бројни симпатизери, говори и фактот дека за само четири дена од Битолчани таа доби повеќе од 1000 потписи.

-Пукна 1000-че! Среќа што тефтерот има место за 2000 потписи – објави таа на социјалните мрежи.

До крајот на неделата од Левица очекуваат да бидат собрани 10.000 потписи, колку се потребни за поднесувањето на нејзината кандидатура за претседателските избори до Државната изборна комисија.