АктуелноИнтернационално

Германската полиција притвори еден Македонец и двајца Турци, наводно припадници на ИСИЛ

Германската полиција притвори двајца турски и еден македонски државјанин под сомнение дека спремаат напад во име на ИСИЛ, пренесуваат турски медиуми.

Од полицијата изјавија дека тројцата се припадници на ИСИЛ и дека спремале напад во германскиот град Офенбах.

Обвинителката во Франкфурт, Надја Нисен рече дека првично осомничениот е 24 годишен германски државјанин со македонско потекло, а како негови соучесници се приведени и двајца турски државјани, едниот на 21, а другиот на 22 годишна возраст. Таа додаде дека, Македонецот се обидел да набави оружје и експлозив преку интернет.

Исто така, во домот на осомничениот германски државјанин со македонско потекло наводно биле запленети материјали користени за правење на експлозив.