Пуч врз Моралес, тој порача: Браќа и сестри, нашата борба не завршува

Најлошиот непријател на човештвото е империјализмот.
Ево Моралес во својата оставка


Деновиве беше извршен пуч од локалната олигархија во соработка со САД врз Ево Моралес, првиот домороден социјалистиски претседател на Боливија. Моралес минатиот месец го освои својот четврти последователен мандат, победувајќи го десничарскиот кандидат Карлос Меса во првиот круг. Притисокот врз Моралес прво беше проследен со демонстрации и нереди поддржани од локалната олигархија, а потоа преку Организацијата на американски држави (ОАС) која излезе со тврдење дека биле забележани повеќе неправилности во текот на изборниот процес и дека изборите треба да се повторат. 

Иако Моралес се согласи на повторување на изборите, шефот на боливиската армија тогаш изјави дека повторувањето на изборите не е опција, туку дека Претседателот мора да си даде оставка. Тоа беше проследено со палење на просториите на Изборната комисија од страна на десничарските демонстранти, како и напад врз венецуелската амбасада.  И покрај тоа што Моралес најави дека ќе одржи нови избори, војската и полицијата сепак побараа од него да си даде оставка, принудувајќи го Моралес да се повлече за „да избегне понатамошно ескалирање на насилството и крвопролевање“.

Тој се врати во својот дом во Кочабамба каде одржа говор за својата оставка, кој го заврши  со „la lucha sigue“ („борбата продолжува“). 

„Браќа и сестри, сакам да ви кажам дека со ова нашата борба не се завршува, ќе продолжиме да се бориме за еднаквост и мир. Сега наша должност е да најдеме начин да ја смириме ситуацијата“.

Моралес е првиот домороден претседател кој ќе остане запаметен како претседател кој застана на страната на сиромашните, работниците и селаните и кој се спротистави на американскиот империјализам во Латинска Америка, што резултираше и со протерување на американски амбасадори. Тој тогаш изјави: „Не жалам што го протерав американскиот амбасадор и што ја затворив американската воена база во Боливија. Без нив имаме помалку завери, а поголема политичка и општествена стабилност. Без Меѓународниот Монетарен Фонд подобра ни е економијата.”

Тој успеа да ја стопира растечката инфлација, да го прошири  јавниот сектор, да зголеми инвестиции во рурална инфраструктура, како и да постигне искоренување на неписменоста и лансирање на првиот боливиски сателит. Заедно со Кастро и Чавез, Моралес ја основаше организацијата АЛБА (Боливарска алтернатива на Америка), ја освои наградата на Гадафи за зајакнување на анти-империјалистичката алијанса во Латинска Америка и земјите од Блискиот исток (нарекувајќи го тогашниот ирански претседател Ахмединеџад револуционерен другар) и одби да им даде имунитет за кривично гонење на американските трупи.

За време на неговото владеење, условите за живот на работничката класа беа значително подобрени. Преку аграрната реформа им додели земја на домородните заедници, започна социјална програма Добар живот базирана на вредностите на домородните андски форми на социјална организација, забрани ГМО, формираше Комисија за депатријархализација за надгледување на процесот на зајакнување на правата на жените, ја зголеми минималната плата за 50% и ја намали старосната граница за пензионирање од 65 на 58 години.

За време на неговиот втор мандат, Моралес започна отворено да зборува за „комунитарен социјализам“ како идеологија што ја применува во Боливија.

Bolivian police cut Indigenous 'Whiphala' flag of their uniform and declare Bolivia 'republic' instead of 'plurinational'

The Bolivian constitution fully recognizes Indigenous peoples and establishes that the country is plurinational… The coup perpetrators fantasize to erase diversity just like this:

Публикувахте от teleSUR English в Понеделник, 11 ноември 2019 г.