Не дојдоа да се извинат за злоделата, туку за да ги величат злосторниците
- Фејсбук статус на Саше Јанчев, член на Централен Комитет на Левица и Советник од Левица во Општина Гевгелија.
Не дојдоа да се поклонат на споменикот на стреланите младинци во Ваташа, не дојдоа да се извинат за депортација на Евреите, не дојдоа да кажат дека нема повеќе да го негираат македонскиот народ, не дојдоа да се извинат за малтретирањето на македонското малцинство во Бугарија. Дојдоа на отварање на клуб со име на фашистот и главорезот Ванчо Михајлов. И од власта штама.
Отворено од сред Битола прашаа кои се тие Македонци во Бугарија. Ви бараат промена на Устав и внесување на Бугарите ко конститутивен народ за да нема вето. Ако до сега не ви беше јасно, сеа треба да ви се разјасни, Ние сме под окупација!
И оваа окупација не падна од небо. Ова е последица на толеранцијата на бализмот на ДУИ, на Преспански и на Договорот со Бугарија и сето тоа во име на прогресивноста, европеизацијата, на ЕУ и НАТО или она што народски се вика ЕУ и НАТО фундаментализам.
ДПМНЕ на висина на имиџот. Коа е густо нигде ги нема. А овие од СДС цело ова директно го одработуваат.
Овие биле наследници на Илинденците. Другиве биле наследници на Асномци.
Не им е јасно дека ак станат од гроб Илинденците и Асномци, врхушките на наследнициве ќе бидат стрелани и бесени по плоштади за пример.
А бе наследници, забавата допрва доаѓа, песната допрва доаѓа, само вие глумете кооперативност пред меѓународната или бидете директни колаборационисти. А за песни веќе има различни нарачки, ама на крај пак ќе биде онаа нашата.