СДСМ не е левичарска партија, туку наследници на црвената буржоазија

Деновиве, откако се обелоденија планираните измени во Уставот, приметувам дека многу разочарани се обидуваат да ја предочат лицемерноста на Социјал-демократскиот сојуз во однос на нивната недостојност со идеалите на АСНОМ. Повод ова би сакал да разјаснам неколку работи:

Пред се, СДСМ никогаш не се гледале себеси како левичари, а пак уште помалку ги образувале своите членови или пак ги мотивирале своите симпатизери да бидат левичари. Во последно време се обидоа да се ребрендираат во некаква си бурлеска од левичарска партија, како симулакрум на политичката сцена која е во скут на капиталот – како странски, така и домашен.

Меѓу другото, СДСМ е една оставштина комбинација од црвената буржоазија и збирштина од тотално идеолошки изгубени кадри, но интересно совршено складни. Особено сегашниот тим на оваа партија е една багра која нема идеја за ништо, туку само аспирација за лична промоција и во тој елан ита кон социјална лакрдија. Од таму и „партнерството“ со ВМРО-вски фамилии, кои патем во времето на бивша Југославија ги стекнале сите благодети (некои биле дури и на нивото на црвената буржоазија, иако изигравале национал романтичари), а сега се најгласни во анти Југословенството.

СДСМ се поединечно свесни, преку колективното несвесно на партијата, дека нема место и иднина на политичката сцена повеќе за идеолошки хибриди од најподол вид. Спас нема, тенденцијата на историјата е таа, оти теле се учи а вол не!

Фејсбук статус на членот на Президиумот на Левица, Хактан Реџеп Исмаил.