Масовен бојкот тешко ќе можат да игнорираат

Статус на Тамара Јованов, професор на Универзитет “Гоце Делчев” Штип.


Многу земји (далеку понормални од нашата) го одложија пописот заради пандемијата. Тоа е едноставно човечно, во ситуација кога владее хаос. Но, да не заборавиме, дека во тие земји, пописот е планиран да се одвива без МАНИПУЛАЦИИ. Во тие земји, пописот е операција која дава реални податоци за состојбите на населението кое живее во нив, со цел за подобро планирање на пред се’ економски и социјални политики.Што е проблемот со нашиот попис?

Прво, како резултат на катастрофалното справување со пандемијата од страна на властите, во нашиот случај има голема веројатност поради директниот контакт навистина да се прошири заразата, а притоа, за тоа никој да не сноси одговорност. Во случај кога лекувањето на блага клиничка слика, без болнички престој чини најмалку 12.000 – 15.000 денари од сопствен џеб, а потешка клиничка слика неретко резултира со смрт, ова е преголем ризик за народот.

Второ, а на долг рок многу штетно, е ПОЛИТИЗИРАЊЕ НА ПОПИСОТ, во насока на продлабочување на јазот и дискриминацијата помеѓу етничките групи и дополнителна поделба на државата. Што значи ова и како се прави? Со ризик да ме етикетираат како албанофоб (лично не се доживувам така – како мразач кон цел еден народ), одбирам да го кажам мислењето.

1. Уште пред да почне пописот, политичари од албанските партии, а потоа и политичари од власта, почнаа да лицитираат со проценти, под кои НЕМАЛО ДА СЕ ПРИФАТАТ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ?! (Резултатите треба да прикажат фактичка состојба, а не да исполнуваат нечии амбиции и желби).

2. Како резултат на овие јавни уцени, во Законот за попис, како никаде во свет, се вклучува попишување на дијаспора, а не само на жителите на земјата. (Ова дотука, и може да се дискутира, колку треба, а колку не, да не беа проблемите во продолжение).

3. Попишувањето на дијаспората е доброволно (нема да даде точна бројка).

4. Граѓаните упатија забелешки за сериозни недостатоци на софтверот за електронско попишување, кои никој не ги сфаќа сериозно (податоците нема да се веродостојни).

5. Албанските политичари – функционери, шетаат по светот со наши народни пари и агитираат исклучиво за масовно попишување на припадниците на албанскиот етникум! (Недозволива дискриминација кон сите останати етникуми и македонскиот народ).

6. Трето лице може да дава лични податоци во име на друг (огромен простор за манипулација, особено во насока на изјаснување за припадност кон етникум, религија и сл.).

7. За да ситуацијата биде уште полоша, во Законот како ВКУПНО НАСЕЛЕНИЕ на основ на кое ќе треба да се кројат политики, ќе се смета вкупно попишаното население, кое ги вклучува и жителите на земјата, но и дијаспората!!! (Фактички ќе сме на пример 1,5 милион, а правно ќе сме 3 милиони).

Што значи последново? Значи дека власта и нејзините коалициони партнери, со неточни и наведувачки податоци, ќе добијат основ за нови форми на ДИСКРИМИНАТОРСКИ ПОЛИТИКИ, со кои ќе купуваат политички поени и гласови, заради одржување на власт. Како? Се сеќавате на злоупотребите на позитивната дискриминација по основ на етничка припадност во најразлични форми: незаконско носење на “Закон” за двојазичност; дискриминаторска политика на субвенции за вработувања и во јавен и во приватен сектор; Министерство за неодење на работа на исклучиво еден етникум – албанскиот кое не’ чини милиони; де факто неодење на работа во државна администрација на вработени по етнички основ… Знаете, да не набројувам натаму. Ова е крајно штетна политика и деструктивна за било кое општество, бидејќи вакви форми на дискриминација водат до поделби, омраза и насилство. Ова не се мои замислени приказни во главата, туку РЕАЛНИ СЛУЧУВАЊА ЗА КОИ СИТЕ СМЕ СВЕСНИ, ама не сите на глас ги кажуваме.

Пописот во случајов ќе биде во полза на само една етничка заедница, наспроти сите други, вклучително македонскиот народ. Сите кои би учествувале во попис со ваков Закон, се свесни и директни поддржувачи на продлабочена поделба и распад на државата. Да, дотаму е дојдено, да не се правиме слепи. Не мора да се согласите, но барем размислете на темава како една страна на приказната. И потоа, секој со својот ум. Попис, да, но прво со коректен Закон и по пандемијата (или во најмала рака, обезбедена можност за вакцинирање и заштита на ризичните групи на население).

Вака, едноставно #НеОтворамВрата А масовен бојкот, тешко дека ќе можат да игнорираат. Народот е на потег!


Многу земји (далеку понормални од нашата) го одложија пописот заради пандемијата. Тоа е едноставно човечно, во ситуација…

Posted by Тамара Јованов on Friday, March 26, 2021