Трамп најави крвопролевање

Републиканскиот претседателски кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп на митинг во саботата изјави дека ќе има „крвопролевање“ за американската автомобилска индустрија, но и за земјата, доколку загуби на изборите во ноември.

Изјавата дојде откако Трамп вети дека ќе воведе „100 отсто царини“ за автомобили произведени надвор од САД, тврдејќи дека домашното производство на автомобили ќе биде заштитено само ако тој биде избран, пренесува Си-Ен-Ен.

„Ќе ставиме царина од 100 отсто за секој автомобил што не излегол од американската производна линија, а тие автомобили нема да можат да се продаваат ако бидам избран. Ако не бидам избран, тоа ќе биде крвопролевање за целата земја“, предупреди Трамп на предизборниот митинг за сенаторот Берни Морено во Охајо.