Фирмата „Дронопс“ добила 36.000 евра од Фондот за иновации за дрон

  • Фејсбук статус на Јосиф Џолев!

„Ме блокирале од Фондот за иновации, најмалку битно,.. излегоа добитниците иноватори – трета реколта на Фондот за иновации, па сега наместо таму ќе мора ваму кај мене на ѕид, во идните 74 дена, ден по ден, иновативен проект по иновативен проект, испраните над 30 милиони евра од народот, да ги покажеме каде се на народот, како народот не би се чудел зашто и каде ќе биде сместен по кратка постапка кантавторот Коста Петров,.. нормално, ако и кога ќе тепат нашите,.. не Ливерпул, Ливерпул секогаш тепа, другите наши, на Русо чедата.

Јас ќе гледам да не навлегувам до тоооолку во имињата и презимињата на “иноваторите” (бидејќи нормално злосторникот е ДИФТР и неговите нарачатели), иако е лесно и веќе неколку ликови и приказни одгатнав, но сепак тоа си е работа на ЈО и нема да се мешам во нивната истрага. Јас само ќе ви ги покажам 74-те нови добитници од третата реколта иноватори, кој од кој поиноватор од колегата му,.. бидејќи нели повеќето од вас немаат време, не се замарате, а во случајов треба да се клика, па да даунлодирате извештаи, па да ги читате, па да истражувате…

Да скратиме,.. за денес еве “ИНОВАТОР” бр. 1:
Над 36.000 евра за некоја си фирма ДРОНОПС да си купи дрон со кој дрон на земјоделците ќе им “помагаат”/нудат услуги од типот на, пази ова, анализа на почва, цвет и плод од ВАЗДУХ, нормално покрај тоа и прскање на тој цвет и плод исто одозгора на тога, а бидејќи лани нели имаше многу пожари, па сега ооопс, со овој дрон, ако е летнат, ќе може и да се детектира пожарот во рана фаза, нормално ако некоја општина си плати да го летаат дронот над нивната им шума во која очекуваат пожар баш во рана фаза.

Некој ќе каже, дупиш!, јас ќе кажам, не јас, најверојатно дронот и то го прави! Вака,..

Прво, фирмата ДРОНОПС, според она што се наоѓа на нет, тие веќе година дена си се занимаваат со ова, имаат клипче од нива, со дронови со се, дури и земјоделец нашле за рекламчето, така што не знам што е новитетот, т.е. иноваторството во случајов!?

Второ, типчето и другар му иноватори, млади деца, добитници на џепарацов, барем за едниот, не треба повеќе од два клика на гугл за да се види дека дечкото пред точно 1 година фатил златна рипка, т.е. конечно трудот и уката му вродила со плод и тачно на 3 места, ма и во владини, и во невладини, па и во приватни институции е поставен за алфа. Ваљда интересно ќе е во ЈО на натпреварот кој за пократко од 10 минути ќе најде од каде не се знаат со кантавтор Коки.

Трето и најбитно, слободно прогуглајте “дронови за земјоделство”. Милиони милиони сајтови, дури и од алиекспрес можеш да си набавиш, не мора иноватор да се мачиш да стануваш.

Да не се замарате, јас прочачкав троа повеќе и вака, значи од најквалитетната фирма и вид имаме од 800 до 10.000 евра за од тој што е нај нај нај на овој свет. Најчесто, во земјоделството, се користат дронови до 1800 евра.

– Цел на иноваторот: Наравно да во наредни 10 години нема македонски земјоделец да ги искористи магииве на дронот. Целна група се проектчиња и рентање хонорарно за некакви си потреби на некои си државни служби. Доволно е да се види со што се занимава и со помош од каде “невладината” на газдите.

– Цел на дфитр-от: Поделба на колачот, лично со него или со тие што го поставиле. Најмалку битно, негов е потписот, понатака ЈО ќе го проследи патот што каде кој колку.
Ко што кажав, солидни 36.000 евра џепарац.

Продолжува…“