Професорот Цуцуловски: БРАТСКА СОРАБОТКА помеѓу СДСМ и ДПМНЕ!

Професорот Љубомир Цуцуловски објави статус каде, токму во очи на лидерската средба помеѓи Заев и Мицковски, закажана за утре, предупредува на взаемна соработка помеѓу двете партии, СДСМ и ДПМНЕ, која има за цел легитимирање на контроверзниот попис!

Подолу, во целост ви го пренесуваме постот на Професорот Цуцуловски објавен на неговиот фејсбук профил:

„БРАТСКА СОРАБОТКА. Додека некои земји, како САД или Бразил, го одлагаат или привремено го ограничуваат пописот на населението заради пандемијата, кај нас ќе се одржи и со благослов на Христијан Мицкоски. Доволно било, се согласил човекот со Зоран Заев, попишувачите да биле вакцинирани, како тоа да е доволна гаранција за здравјето, меѓутоа и за легитимноста на пописот, т.е. на Законот за попис, кој токму опозицијата и Мицкоски цело време го доведуваа во прашање. Тоа се вика братска соработка/договор на дело! Поопширно за Пописот и за неговите импликации видете ги моите два претходни текста: „Неможност“ и „Попис и пандемија“ кои, од одредени причини, тешко се споделуваа/шернуваа.“