Објавени снимки во Украина: Џо Бајден вмешан во огромен корупциски скандал

Украинскиот пратеник Андриј Деркач во вторникот објави снимки на разговори, водени во 2015 и 2016 година, помеѓу поранешниот претседател на Украина, Порошенко и Џо Бајден, кандидат за Претседател на САД и поранешен заменик претседател. Во снимките, Бајден ја бара оставката на Шокин, јавниот обвинител на Украина во замена за 1 милијарда американски долари во договори за заем од САД за Украина.  

Според снимките, Шокин бил отпуштен во 2016 година како резултат на директен притисок од страна на Бајден, поради тоа што го истражувал случајот со Буризма, компанија за природен гас во која работел синот на Бајден, Хантер Бајден. 

Според Деркач, снимките покажуваат “меѓународна корупција, предавство и надворешно влијание на највисоко државно ниво”. Тој дополнително изјави дека снимките му биле дадени од страна на истражувачки новинари, а биле направени од самиот Порошенко. 

Снимките се објавени на ЈуТјуб каналот насловен Nabu Leaks”.