Со додавањето етничка припадност присилно се создава бугарско малцинство

Статус на Мартин Димоски – член на ЦК на Левица.


Додавањето на “етничка припадност” во личните карти покрај тоа што е дел од Тиранската платформа, е и едно од барањата на Бугарија. Едно од барањата за добивање на бугарски пасош ќе биде и промена на македонската лична карта каде сега апликантот ќе мора да се изјасни како “Бугарин”. На овој начин вештачки и присилно ќе се создаде бугарското малцинство во Македонија.

Заедништвото околу ова прашање на СДС и ДПМНЕ ќе биде уште еден, во низата докази дека кога овие партии имаат консензуален став, тоа секогаш е на штета на Македонија и Македонците.