Став

Само со АВАНГАРДАТА не може да се победи!

Фејсбук статус на Димитар Апасиев, член на Президиумот на Левица.

Само со АВАНГАРДАТА не може да се победи!
Да се фрли само таа во решителниот бој, додека целата класа, т.е. широките народни маси, не зазеле позиција барем на благонаклона неутралност кон неа и на потполна неспособност да го поддржуваат нејзиниот политички противник – би било не само глупост, туку и политичко злосторство!
А за да може целата потлачена класа, сите оние угнетени од капиталот, да дојдат до таква позиција – за тоа, драги мои, не е потребна само пизма, пропаганда и агитација… За тоа е потребен сопствен политички опит на тие маси!
Затоа сега насекаде се чувствува приближувањето на големата БУРА. Во сите класи – вриеж и подготвување! И тука, во овој историски пресврт, да си ги врзуваме однапред рацете, да му кажуваме отворено на непријателот кога и каде ќе војуваме со него – тоа е глупост, а не револуционерност.

#NмаРазлика
#НемаПасошНемаМир
#НовиотРежим
#НароднаСамоодбрана