АктуелноЛокално

Го Сакам Водно:Водно се силува и натаму!

реакција од здружението „Го Сакам Водно“:

 

Институциите се глуви на аргументи.
Инспекциите иако јасно се известени за будност и натаму се пасивни.

ВО СИТУАЦИЈА КОГА:

1. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјавува дека голем дел од средствата нема да се искористат за изградба на гасоводот и ќе се пренаменат за други проекти.

2. Директорот на МЕР, Бајрам Реџепи на прашањето дали ќе продолжи изградбата на гасоводната траса преку Водно или ќе запре поради прекројувањето на државната каса, изјавува дека кога ќе добијат дозвола за изменетата траса преку Водно (не е добиена) од Министерството за транспорт и врски, тогаш ќе продолжат со изградба на гасводот на тој потег.

3. Нема решение за сеча од Град Скопје

4. Нема никаков официјален документ издаден од државна институција за изменетата траса. Официјалните документи покажуваат стара траса со 25 метри широчина.

БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА ПРЕСТАНАТ ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ВОДНО. ОСТРАНЕТЕ ЈА ГРАДЕЖНАТА МЕХАНИЗАЦИЈА ОД ВОДНО ВЕДНАШ Bajram Rexhepi Goran Sugareski Петре Шилегов

Имаме очигледни празни ветувања, за кои не постои ниту намера да се исполнат.
Уништувањето на Водно продолжува и тоа на државен празник!