Во исламот немаше свештеничка класа, но денеска ја има повеќе од било каде!
Во исламот немаше свештеничка класа, но денеска ја има повеќе од било каде!
Свештенството како општествена класа е забранета тема во редовите на исламските клерици. Зошто? Па поради тоа што исламот како религија изричито, јасно и недвосмислено – по сите негови школи и деноминации – забранува ваква класа! Што е тоа општествена класа на свештеници? Тоа е заедница на верски клерови која врши религиска служба како професија. Односно, што би се рекло народски, лебот го вадат изигравајќи божји слуги.
Куранот, како света книга, не само што забранува една ваква класа, туку тој и јасно и недвосмислено осудувајќи ја, ги предупредува верниците за ваквата појава. Како за пример, подолу ќе пренесам неколку ајети (курански стихови) во оваа насока:
– „Не! Тоа не е како што они велат, вистината е следна: Они што луѓето ги прелажуваат/преваруваат во име на Бога; кои до гуша во гревови тонат, за навек ќе останат во пеколот!“ (сура 2, 81 ајет)
– „О верници, повеќето од свештениците неправедно го јадат имотот на народот и го одвраќаат од патот Алахов.“ (сура 9, 34 ајет)
– „Аллаховиот збор е вистина. Аман, не дозволувајте тие ИЗМАМНИЦИ во име на Бога да ве измамат.“ (сура 35, 5 ајет)
Ова е само дел од предострожноста која директно доаѓа од Куранот како градиво на најважен извор на исламот. Имено, во исламот нема посредници помеѓу Севишниот и човекот.
Затоа, светата книга ни покажува како ваквата класа на клерици, искористувајќи ја религијата и службата кон Бога, дебело го полнат својот џеб. И не само ова, Куранот оди понатаму во разобличување на оваа каста. Па така ни укажува на тоа како оваа каста си ја штити својата позиција. Па како не би била доведена во прашање ваквата нивна позиција, тие уште и се обидуваат да ги одвратат луѓето од нивното директно и интимно поврзување и служење на Бога.
Во социјалниот живот на исламот, во општество на муслимани, никој нема право да егзистира како посебна класа. Оние кои претендираат да бидат тоа, пред се, не постапуваат во согласност токму со темелните верски одредби на исламот.