АктуелноИнтернационално

Секој шести граѓанин на Чешка верува дека во социјализмот луѓето во земјата живееле подобро

Секој шести граѓанин на Чешка верува дека во социјализмот луѓето во земјата живееле подобро отколку сега. 43% од Чесите имаат спротивно мислење, ова беше објавено во резултатите од социолошката студија објавена во понеделникот од Центарот за проучување на јавното мислење (CIOM) при Чешката Академијата на науките.

„Околу секој шести (16%) граѓанин на Чешка верува дека во социјализмот луѓето во земјата живееле подобро од сега, а во изминатите пет години бројот на луѓе со такви ставови е зголемен за четири проценти. Бројот на поддржувачи на сегашниот систем на владеење во истиот период е намален за шест отсто и изнесува 43%“, забележува агенцијата ЦИОМ во резултатите од студијата посветена на 35-годишнината од Кадифената револуција.

Според агенцијата, бројот на оние граѓани кои сметаат дека условите за живот во земјата се приближно исти пред настаните од есента 1989 година и денес изнесува 37%, што е за пет проценти повеќе од студијата направена во 2019 година.

Што се однесува до оценката за социјалистичкиот политичкиот систем во републиката, секој петти Чех, односно 20% од испитаниците ја оцениле за позитивна. 27% од испитаниците економската состојба денес ја оценуваат како еднаква на онаа во периодот пред 1989 година.

Испитаниците гледаат подобрување на состојбата на граѓаните во републиката по падот на социјализмот, првенствено во поголемите можности за образование на странските универзитети, во слободата на говорот, укинувањето на границите во Европа и во развојот на приватното претприемништво. Од друга страна, испитаниците забележале влошување на социјалната сигурност и националната безбедност и зголемување на криминалот.

На прашањето кои според нив се победниците и губитниците од промената на системот во 1989 година, 70% од испитаниците одговориле дека најголеми победници биле претприемачите, поранешните дисиденти, интелектуалците и политичките и економските експерти. Мнозинството од испитаниците како главни губитници ги наведоа обичните вработени во претпријатијата.

Оваа студија е спроведена од агенцијата ЦИОМ во период од 10 јуни до 31 август, а во неа учествуваа 1.000 луѓе од различна возраст, пол, вера, степен на образование, професионален и социјален статус, кои живеат во големи и мали населени места во сите региони на републиката.