Олигархијата нема да се откаже од удобноста на ненаситната лакомост

  • Став на Амар Мециновиќ – портпарол на Политичката партија Левица

Пред наездата на економска мизерија оваа зима, и независно од баучот околу какви репресивни мерки ќе втурне државата врз луѓето, битно е да се запомни дека се’ што имаме е КЛАСНА СОЛИДАРНОСТ.

Зимава олигархијата меѓусебно ќе си помогне. Нема една педа да се поместат од своите навики за луксузирање. Нема начин тие доброволно да се откажат од удобноста на ненаситната лакомост.

И како во секоја криза, ќе крадат и ќе профитираат. Владата ќе ги ослободува и помага под умислата дека без макотрпноста и истрајноста на буржоазијата да води бизниси кои ни ја “стимулираат економијата” – ќе колабираме.

Небаре во нивните фирми како да нема човечки труд кој ги создава производите. Како тие од човекољубие да се водат.
Вистината е дека без работниците ќе колабираме. Вистината е дека олигархијата ќе заработува на нашата мака. Кризите им се омилени.

За нив, внатре-класната солидарност помеѓу олигархијата и буржоаските политичари е императивна и постојано се негува. Тие се политички организирани!

Сите останати класи на работниците, земјоделците и безимотните – без организација и солидарност, непрестајно ќе додаваат ново топовско месо во борбите за профит.
Оваа зима не се клеветете ако тоа го бара државата од вас. Сетете се како се штитат тие. Оваа зима нека во вас светне искра на немир и желба за промена.

Оваа зима секој во свој табор, класно. Овој пат постои политичка структура која ни ги застапува интерсите.
ОРГАНИЗИРАЈ И АГИТИРАЈ!