(Видео) Македонија пати од еколошките власти

Жгурата на затворената топилница во Велес – симбол на тоа како штетата се социјализира, а профитот се приватизира. Здравјето на народот останува трајно загрозено, додека профитот одамна е собран. Но, дали научивме нешто?

Сега, кога се прават обиди за отворање на рециклажен центар за отпадни гуми во Кавадарци веднаш до фабрика која во минатото користеше токму гуми како гориво, треба да се запрашаме: Дали повторно ќе дозволиме профитот да се приватизира на сметка на нашето здравје и животна средина?

Во капитализмот, екологијата е жртва, додека профитот е владетел. А ние, народот, остануваме да плаќаме за последиците. Нема да дозволиме да потплатени “експерти” манипулираат со јавноста! Имаме искуство со штетни одлуки од кои и ден-денес се јавуваат последици!